Пронајдена дрога кај велешанец
Објавено: 14 мај, 2024, во 10:36 часот
Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, го лишеле од слобода четириесет и пет годишниот М.И од Велес кај кого била пронајдена и одземена кафеава гручеста материја.
-За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк


