Девојките од Младински центар Велес подготвуваа здрави оброци
Кето крофни и здрава салата подготвуваа девојките кои денеска беа дел од работилницата за здрава храна организирана од Младински центар Велес во соработка со „Шеќерче“. Тие во просториите на Јуроп хаус Велес на почеток дебатираа на тема здрава храна и учеа кои здрави намирници може да се користат при секојдневната подготовка на оброците.
Емилија Алексовска која е сопственичка на „Шеќерче“ ја водеше денешната работилница и на девојките им објасни дека сите здрави рецепти коишто се објавуаат на инстаграм како чиа пудинг не се единствената здрава храна, туку дека и готвената храна којашто се подготвува дома спаѓа во здрава храна. Посебен акцент стави и на тоа дека здравата храна не служи секогаш за слабеење, бидејќи ако се внесува повеќе од потребното и од неа може да се качи на килажа.
-Девојките ни приготвуваат здрави кето крофнички со ореви, еритритол, малку пециво и јајца и на крај ставаме глазура од темно чоколадо додека салатата којашто ја приготвуваат од марула, зелка, домат, крставица, авокадо, пиперки бидејќи нашето поднебје е полно со здрава храна и треба да си го задржиме тоа, да не увезуваме туку сами да си одлгедуваме зеленчук и овошје оти нашата земја е плодна, благородна и благословена. Нашата салата на крај ќе биде прелиена со прелив од таан, ладно цедено сончогледово масло и лимон, додаде Алексовска.
За време на работилницата девојките се забавуваа, готвеа и уживаа во процесот на подготовка на здрав оброк. Сите едногласно се сложија дека денешните рецептите ќе ги подготват и за своите фамилии.
Од Младински Центар Велес се надеваат на дологогодишна соработка како со Шеќерче така и со Јуроп Хаус Велес кои секогаш се големи поддржувачи на младинскиот центар.
Стефани Манева