(Видео и фото) Отворена Соба за сензорна интеграција во ОУРЦ „Маца Овчарова“ во Велес
Во месец декември, минатата година, ја организираа донаторската вечер со помош на Ротари Клуб „Велес“, Лајонс Клуб „Велес“, „Бели Мургри“ Клуб Велес и „Еко Малинов“ а денеска веќе го озваничија почетокот на работа на собата за Сензорна интеграција во училиштето коешто е Ресурсен центар.
Директорката Петрушевска објасни дека 400 граѓани дошле на организираната донаторска вечер на која освен што платиле влезница откупиле и рачни изработки на учениците во ова училиште. Таа се заблагодари и на посветеноста на трите едукаторки и сензорни терапефтки за посветеноста низ едукативниот процес што го поминале за да бидат на располагање освен на учениците и на децата во Велес кои се хиперактивни.
Што Собата за сензорна интеграција ја прави поразлична од останатите Сензорни соби во Велес и зошто децата од општината ќе можат да ја користат објаснија трите специјални едукаторки и сензорни терапефтки Добрила Ефровска, Дијана Попандов и Жана Ѓоргиевска.
Во името на организаторите на донаторската вечер се заблагодари Баже Петров, претседател на Ротари Клуб „Велес“. Исто така собата има и поддржувачи како што се „Пододекор“, „Маркард Македонија“, „Осигурување Македонија“ и Панче Ќумбев.
Потребен е само уште мал износ на финансиски средства за да се набават и постават сите потребни помагала за што училиштето очекува поддршка од граѓани или бизнис заедницата.
Убавка Јаневска