Издумани Крлевизми: „Ми ја покачиле пензијата. Не забележав!“
Објавено на 31 мај, 2024 во 09:35
Нови 10 Издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк. Велешанецот Атанас Крлевски вели читајте Издумани Крлевизми за да бидете секогаш позитивни. Уживајте:
- За вкусовите сепак се зборува. При распределба на фотелјите.
- Сине, непотизмот не е ,,Крвта вода не бива!”
- Не менувам капи. Една глава – една капа!
- Јас на линија, а тие ми досудија престап.
- Ми ја покачиле пензијата. Не забележав!
- Тие на билборд, а јас на тапет!?
- Не познавам анонимен глупак!
- Дното најлесно се допира со образот.
- Кога жената режира драма, расплетот го остава на мажот.
- Во туѓиот џеб и кога е помал, има повеќе!
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк