ГЕНЕРАЛЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ
Помогнете да ги идентификуваме Вашите најголеми проблеми во општините во Вардарски регион.
Дума.мк Ве повикува да ја известите за Вашите проблеми со кои што се соочувате во секојдневниот живот како што се: неправди, борба за егзистенција, прекршени работнички права, здрава животна средина, образование, квалитетни услуги и подобар живот во локалната заедница.
Охрабрете се и пополнете ја анкетата. Напишете ги Вашите проблеми кои што ќе ги истражиме и заедно со вас ќе дојдеме до решенија. Редакцијата на Дума.мк Ви гарантира анонимност доколку не сакате јавно да биде соопштен Вашиот идентитет.
Тимот на Дума.мк е малуброен но е подготвен да ви помогне доколку сами не сте во можност или не можете да дојдете до решение. Новинарите ја очекуваат Вашата соработка и доколку сметате дека документи, фотографии и видеа ќе ви помогнат во решавањето на проблемот испратете ги. Без ваша дозвола нема јавно да ги објавиме.
Дума.мк единствено се оградува од политички теми и проблеми што во себе содржат партиски примеси. Тимот на новинари верува во граѓанско општество во кое граѓанинот секогаш е на прво место без разлика на вера, пол, националност и партиска определба.