Галерија на графики од „Мал Формат“ поставени се на отворен простор во Чашка
На осум паноа коишто се наоѓаат на ѕидот на детската градинка во населба Чашка поставена е Галерија под отворено небо на графики чиј наслов е „Мал Формат“. Нивни автори се студенти на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Графиките се изработени на слободна тема.
Организаторот на изложбата е Драганчо Таневски професор по ликовно во ООУ „Тодор Јанев“ рече дека во Чашка се поставени само дел од 18 графики со Мал формат коишто се дел од целата Изложба којашто целосно претставена е во Сули Ан во Скопје. Студентите ја поставуваат секој година пред Новогодишните празници со што сакаат да порачаат дека уметничките дела како подарок можат да се купат и подарат за Новогодишните и Божиќни празници.
-Нашата Галерија под отворено во Чашка, која е алтернативна, нуди прекрасна можност без разлика дали е ден или ноќ под отворено небо да се види во секое време. На неа, овде во Чашка, претставени се 18 мали графики,на уметнички дела во различни техники на графика, од висок печат, длабок печат, интервенција со боја, конци,текстови во графиката. Сите уметници имаат работено на различни мотиви во „Мал формат“ и нивното творештво го пласираат на пазарот, додаде Таневски.
За изложбата има голем интерес од учениците на ООУ „Тодор Јанев“ но и од нивни родители од семејствата и од вљубениците во уметноста. Изложбата ќе биде поставена до 10 јануари, вгодина.
Стефани Манева