Извлечено тело на удавен маж од река Тополка, крај Велес
Риболовец, вчера вечер, околу 21:30 часот пријавил на 112 дека забележал безживотно човечко тело пред влив на реката Тополка во Вардар, во близина на последните куќи на јужниот излез од градот. Центарот за управување со кризи ги известил МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес по што следела операција за безбедно извлекување на човечкото тело.
Тоа е извлечено денеска, претпладне, околу 10:00 часот кога се создале услови за влегување во брзите и надојдени води на река Тополка. Телото на удавениот маж го извлекол тим од Специјалната антитерористичка единица “Тигар”.
Телото е идентификувано од страна на синот кој вчера вечер пријавил дека неговиот татко С.С. (80) е исчезнат.
Убавка Јаневска