Велешанец физички ја нападнал невенчаната сопруга, кавадарчанец со нож се заканувал на вработена во спортска обложувалница
Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, за вчерашниот ден, недела, регистрирани се два пријавени случаи.
Првиот случај бил пријавен во 21:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода шеесет и едно годишниот велешанец В.М. по претходна пријава од неговата 57 годишна невенчана сопруга. Жената пријавила дека во семејниот дом по кратка расправија велешанецот физички ја нападнал. Од СВР Велес додаваат дека тој е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот случај бил пријавен четири минути подоцна во Одделение за внатрешни работи Кавадарци дека во спортска обложувалница во градот едно лице со закана со нож се обидел да одземе пари од вработената. Тој не успеам откако таа побарала помош од агенција за обезбедување и лицето се дало во бегство.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк