Приведен маж во Велес кој возел со фалсификувана возачка дозвола
Објавено на 26 јуни, 2024 во 10:02
Дваесет и четири годишниот Н.Ц од Радовиш, вчера, во 22:25 часот, на улица „Димитар Влахов“ во Велес бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Н.Ц управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола а при прегледот од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана.
Од СВР Велес додаваат дека бил известен јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк