„Вози одморен, вози безбедно“ – превентивна активност на СВР Велес
На автопатот А-1 Велес – Градско полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Велес, вчерам спроведоа превентивна активност под мотото „Вози одморен, вози безбедно“.
-На возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди. Исто така, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи за управување со возило, задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот, соопштија од МВР.
На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал наменет за учесниците во сообраќајот.
Дума.мк