Површината на водата на езеро „Младост“ е прекриена со растителна маса и алги во распаѓање измешани со остатоци од фекално потекло

Објавено на 26 јули, 2024 во 16:52

Има и остатоци од измет на површината на велешкото езеро. Оваа констатација може да се извлече од Извештајот за извршени физичко хемиски, микробиолошки, фитопланктонски и зоопланктонски анализи на водата во акумулација „Младост“ на Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ во Охрид. Дума.мк стапи во контакт со директорката на оваа македонска институција, д-р Орхидеја Тасеска, ги доби извештајот како и дополнителните појаснувања. Др Тасевска додаде дека институцијата со комплетниот тим стои зад резултатите што ги објави.

Во него се објавени резултати од анализи од земени примероци на вода, од велешко езеро, во два наврати, поточно од една централна како и втора точка Отовички залив на 14 јуни и на 4 јули 2024 година. Првата во крајбрежниот појас на централниот предел на езерото додека втората пред влив на Отовичка река, која во извештајот е опишана како пресушена, на 4 јули 2024 година. Земените примероци на вода се од длабочина половина, седум и 14 метри. Тогаш температурата на водата на „Младост“ на половина метар длабочина изнесувала 25,2 степени, на седум метри 16 степени, на 14 метри длабочина изнесувала 11,6 степени а пред влив на Отовичка река била топла 25 степени целзиусови.

Резултатите на физичко хемиските анализи на оваа установа покажуваат дека водата во „Младост“ е проѕирна само два метри под површинскиот слој и е категоризирана во III класа.

Исто така само во површинскиот слој е присутен растворен кислород, додека во длабочина го нема. Тоа значи дека животинскиот свет, флората и фауната, може да се одржи во живот до само 7 метри во длабочина ако воопшто за нив доволни се присутните количини на разреден кислород додека под оваа длабочина езерската вода се категоризира во V класа. Тоа според потпишаните лекари, двајца доктори на науки и еден пред докторирање, како и тројца специјалисти во своите области, значи дека велешко „Младост“ е езеро во изумирање.

 Во микробиолошката анализа, резултатитена оваа институција, покажуваат дека има сериозни индикации за бактериолошко загадување поради брзата реакција на бактерии на променливите услови на животната средина.  

Тоа што охридски Хидробиолошки завод потенцира во овој дел е што во земените примероци на вода во месец јуни има поголем број на бактерии во споредба со примероците земени во јули, годинава.

Во резултатите на Хидробиолошкиот завод во Охрид пишува се открива и ново фекално загадување на езерската вода.

Експертите на оваа македонска институција, стара деведесет години, заклучуваат дека според застапеноста вкупните колиформни бактерии, квалитетот на водата во „Младост“ е лош поточно е во IV и V класа. Водата е фекално и органски загадена.

Во препораките на оваа институција прво пишува дека густите, пифтиесети наслаги со жолто кафеава боја кои покриваат значителен дел од езерската површина мора механички да се исчистат. Исто така потребно е и механичко чистење на конгломератите наталожени на езерското дно.

Овој извештај со резултатите од испитувањата го потпиша тим од постојано вработени лекари на Хидробиолошки завод Охрид поточно доктор на хемиски науки Елизабета Велјановска Сарафиловска, на зоонтолошки науки Орхидеја Тасеска и пред докторирање м-р Јовица Лешоски како и останатите специјалисти  микробиолог д-р Ленче Лекоска, фитоплантози д-р Сузана Патчева и д-р Гоце Костовски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.