Китанов: Во Швајцарија живеат и работат 150 илјади Македонци, поврзани со родната земја иако се оддалечени стотици километри (видео и фото)
Кога се илјадници километри далеку од родната земја токму македонскиот јазик и култура, желбата да дружат, споделат информации за животот во туѓина и да помогнат на родните места, ги мотивира да се сплотат и да ги негуваат и продлабочуваат како создадените пријателства така и македонската традиција. Штом стигнат дома, како што умеат да кажат, на родната грутка, во Македонија, тогаш уште повеќе го покажуваат меѓусебното гостопримство преку покани за секоја организирана манифестација на било кој од нив и во било кој град или село во Македонија.
Иљчо Китанов, претседател на Национален Македонски Совет во Швајцарија беше еден од официјално поканетите гости на втората „Мелничка исселеничка средба 2024“. Китанов со сопругата во Мелница, општина Чашка, дојде од родната Струмица. Додека неговата сопруга ги сними на телефон настапите на сите фолклористи. Китанов, беше очигледно дека е сконцентриран на сите говорни делови во кои беше преставен родниот крај на неговиот пријател и активист Ердован Еки Етовски.
Актуелниот претседател на Национален Македонски Совет во Швајцарија веднаш ја прифати поканата за кратко интервју на Дума.мк. Со задоволство одговараше на новинарските прашања и ги откри податоците дека во моментов во Швајцарија живеат 150 илјади Македонци како и за нивниот врвен приоритет како граѓански организации кои членуваат во исселеничкиот совет во оваа држава, членка на Европска Унија.
Китанов вети дека наскоро за Дума.мк ќе даде подолго интервју во кое ќе зборуваме за Национален Македонски Совет, за програмата за работа, за нивните проекти и за планирањата со кои не само што се грижат за остварување на македонската етничка заедница во државата во која работат и живеат туку и за повеќе теми поврзани со родната Македонија.
Убавка Јаневска