Приведен кавадарчанец којшто не застанал кога полицијата го запрела и агресивно се однесувал кога го пронашла
Објавено на 5 август, 2024 во 18:28
Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци, рано утринава, во 01:30 часот го лишиле од слобода П.М.(25) од Кавадарци затоа што додека го управувал автомобилот марка „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање.
Кавадарчанецот набргу бил пронајден кога според полицискиот билтен тој агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Татјана Ѓуровска од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк