Отворен 21 Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби“ (фото и видео)

Објавено на 1 октомври, 2024 во 10:39

На големата сцена „Петре Прличко“ на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, вчера вечер се одржа отворањето на  дваесет и првиот Фестивал на античка драма „Стоби“. Велејќи дека првата претстава што на античка тема ја изгледал во Античкиот локалитет „Стоби“ била токму „Цар Едип“ директорот на велешки Театар, Жарко Спасевски, ги поздрави присутните.

https://www.youtube.com/watch?v=ZG8wY2ce5uQ

Годинешното одржување на 21 Меѓународниот фестивал на античка драма за отворено го прогласи Градоначалникот Марко Колев.

На големата сцена „Петре Прличко“ во велешки Театар публиката ја проследи претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, БиХ, во режија на Диего Де Бреа.  Претставата е прва од вкупно петте во официјалната фестивалска конкуренција коишто претендираат за фестивалските награди.

Годинава ќе се одигра и една претстава во офф конкуренција.

Вечерва љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат претставата „Пенелопиада“ на Театар „Младип“ од Унгарија во режија на Жолтан Балаз. Почетокот е во 20:00 часот. Билети по цена од 200 денари се резервираат и купуваат на билетарата на велешки Театар.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.