Полициски службеници приведоа и вратија во затвор осудено лице барано со потерница
Објавено на 3 октомври, 2024 во 15:02
Триесет и осум годишниот кавадарчанец П.Б. е бараното лице со потерница коешто утрово, во 06:00 часот, приведено е од страна на полициски службеници на Оделение за внатрешни работи Кавадарци.
Полицијата го барала по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор.
По приведувањето П.Б бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на казната.
Дума.мк