Се урна стара куќа во Велес и затрупа жена којашто ја извадија пожарникарите
Информацијата за урната стара куќа на улица „Пеце Карев“ во Велес и затрупана жена во Територијалната противпожарна единица била пријавена утрово, во 09:10 часот. Улицата на која се случила несреќата се наоѓа во близина на плоштад Којник.
По примената дојава четворица пожарникари спасители со едно противпожарно возило интервенирале при извлекувањето на затрупаната жена надвор од куќата. Откако ја извадиле ја предале на медицинската екипа на Итна помош при Здравствен дом Велес.
-Не констатиравме тешки телесни повреди врз М.Б (47) од Велес. Поради тежината на болеста од која боледува жената ја транспортиравме во Општа Болница Велес. Исто така го известивме Центар за социјална работа Велес,“ рече портпаролката д-р Васе Поп Стефанова Панова.
При интервенцијата на пожарникарите и здравствените работници на лице место присуствувале и полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска