Коки: „И во политиката постојат многумина политичари со попреченост – политичките катаракти и диоптрии им го ограничуваат и замаглуваат видот.“

Објавено на 14 октомври, 2024 во 12:43

Афористичкиот понеделнички поглед на Никола Бошковски Коки денеска на читателите на Дума.мк им ги става на располагање следните седум најнови афоризми:

„Во желбата да ја докажат својата чесност ,многу девојки ја губат невиноста.“

„На многуте господа зафатени од синдромот „болни амбиции”, неможат да им помогнат ,ниту вакцини, ниту антибиотици.“

„И во политиката постојат многумина политичари со попреченост – политичките катаракти и диоптрии им го ограничуваат и замаглуваат видот.“

„Денес, за жал, има многу повеќе глувонеми по венчавката, отколку по раѓањето.“

„Со евентуалната рестрикција на струјата и ограничувањето на грејните тела, ќе бидете мошне благодарни ако комшивката ви го загрее креветот.“

„Наместо да и запее, пејачот и свирна, сега таа му пее на бебето.“

„Убавите, сексипилни секретарки, можат недвосмислено да се поистоветат со безвременските епски песни; се пренесуваат од колено, на колено.“

Вашиот КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.