Трајкова: Ќе продолжам да го раководам Центар за социјални работи Велес со цел да функционира беспрекорно
Во кратката изјава за медиумите, денеска, новата в.д директорка на јавната установа Меѓуопштински Центар за Социјална Работа Велес, Нада Трајкова, рече дека ќе продолжи да работи во интерес на задоволување на потребите, правата и услугите на корисниците што ги издава институцијата.
„Ќе продолжам да го раководам Центар за социјални работи Велес со цел да функционира беспрекорно.
Трајкова за нова в.д директорка именувана е од министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани на 8 октомври, годинава, како кадар на партијата ВМРО ДПМНЕ. Таа и претходно беше именувана за извршување на истата функција, во временскиот период од 2009 до 2011 година, во три шест месечни мандати како вршител на должност.
Нада Трајкова стапи на функцијата која што од 2011 до 2024 година ја извршуваше извршуваше Азиза Џини, кадар на партијата ДУИ.
Убавка Јаневска