Ново акцијашко расчистување на тревниците под Спомен костурница, ЗГ „Акцијаш Ветерани“ изведе доброволна акција во пресрет на 9 Ноември (видео и фото)

Објавено на 6 ноември, 2024 во 14:46

Дваесет и шест од вкупно 60 бригадири ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветерани“ утрово дојдоа за да учествуваат во денешната доброволна работна акција за уредување на тревниците на велешка Спомен  костурница. Тие работеа четири часа. Акцијата ја реализираа како последна есенска и во пресрет на празникот на Велес, денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор пред 80 години.

Командантот на Работната бригада „Кочо Рацин“, Аспор Каров соопшти детали за денешната траса и тоа што сработија бригадирите ветерани во денешната акција.

Сите кои што денеска работеа се акцјаши ветерани во пензија.

Наредната акција ќе биде организирана во еден од престојните викенди за да можат во неа да се вклучат и вработените членови на граѓанското здружение, најави претседателот на ЗГ„Акцијаш ветерани“, Горан Петков.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.