Кавадаречките полициски службеници приведоа бегалец и го вратија во затвор
Објавено на 12 ноември, 2024 во 11:49
Приведениот И.В.(38) од Кавадарци бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола поради бегство од Казнено – поправната установа „Затвор Идризово“. Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци бегалецот го идентификувале вчера, попладне, во 15:40 часот во родниот град.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
Дума.мк