Пристапен доктор, платени транспортни услуги и лица за нега во болнички услови, меѓу приоритетите на лицата со попречености на средбата во Неготино (фото и видео)
За прв пат во Неготино, како дел од Вардарски плански регион, но во државата лица со попречености, граѓанските организации кои работат на оваа област и здравствените работници од примарното здравство во Македонија заедно дебатираа и отворија табу теми како и неколку значајни приоритети. Како дел од проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигмацијата, темите кои особено привлекоа внимание беа посветени на прифатот и третманот на лицата со попреченост во медицинските установи и други институционални установи во општеството. Целта на првата одржана тркалезна маса во Неготино беше да ди идентификуваме вистинските предизвици за да се справиме со проблемите и пречките на кои наидуваат како лицата со попречености, нивните семејства така и граѓанските организации кои работат во нивни интерес, рече Далиборка Златева од Здружение на лица заболени од церебрална парализа и други попречености од Велес.
На првата средба треба да се издвојат посочените проблеми како што се потребата од вклучување на поголем број на граѓани коишто ќе бидат финансиски наградени за придружба кога лицата со попречености имаат потреба од транспорт и престој во болница, болните од малигни заболувања или тие коишто одат на дијализа. Во овие здуженија нив ги има и очекуваат државата да им помогне преку плаќање и на транспортните трошоци.
Велешкото здружение е партнер во проектот на ЦПЛХМ „Порака“ од Неготино и на „Еко Живот“ од Кавадарци. Вакви средби, на кои ќе слушне гласот и потребата на оваа категорија на граѓани ќе бидат одржани уште, по една, во Велес и во Кавадарци.
Во период од две години ќе се реализираат последователно настани за прифат и подобар третман на лицата со попреченост во здравствените установи на примарна, секундарна и терцијална основа. Се очекува со проектот, финансиски поддржан од Цивика мобилитас, да се предложат измени во Законот за здравствена заштита.
Убавка Јаневска