Дете паднало на рамна површина во Велес и се здобило со потешки повреди на глава, пренесено на Клиника за Неврологија во Скопје
Дванаесетгодишното дете паднало на рамна површина и се повредило, раскажал придружник којшто бил присутен при укажувањето на здравствената помош во Општа болница Велес. Повреденото дете било транспортирано од страна на Итна медицинска помош.
При приемот во Хирушките амбуланти на болницата детето било во видно поспана состојба и со крварење од уво.
-Конзилијум составен од лекари специјалисти Хирург, Педијатар, Невролог и Анестезиолог, извршиле прегледи на повреденото дете. Направени се потребни медицински иследувања меѓу кои и снимање на Компјутерски томограф. По добиените резултати и сомнение за телесна повреда која што треба да се опсервира од лекари на скопските клиники, детето во придружба на специјалист Анестезиолог, пренесено е на Клиника за Неврохирургија во Скопје, соопшти д-р Билјана Босилкова портпаролка на Општа болница Велес.
Убавка Јаневска