Советот на Општина Велес во четврток ќе ја одржи 57 седница, еве по кои точки ќе расправаат советниците

Објавено на 26 ноември, 2024 во 14:44

Советот на Општина Велес, во четврток, 28 ноември, годинава, ќе ја одржи 57 седница. Седницата ќе започне во 9:00 часот. Членовите на Советот ќе расправаат по вкупно 20 точки. Претседателот на Совет, Даниел Јаневски, за расправа го предложи следниот Дневен ред:

  1. Предлог – одлука за измена на Деловникот на Советот на Општина Велес.
  2. Предлог – одлука за преземање на обврска за надоместување на вишоци и кусоци на работи за изградба на два кружни текови, поставување енергетско ефикасно улично осветлување, реконструкција на улица во центарот на градот 8-ми Септември и изградба на улична канализација во Велес.
  3. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежното земјиште во 2024 година.
  4. Предлог – одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2024 година.
  5. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежно земјиште во 2025 година.
  6. Предлог – програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2025 година.
  7. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на промоцијата, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2025 година.
  8. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2025 година.
  9. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2025 година.
  10. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2025 година.
  11. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2025 година.
  12. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2025 година.
  13. Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2025 година.
  14. Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година.
  15. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2025 година.
  16. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2025 година.
  17. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2025 година.
  18. Предлог – програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2025 година.
  19. Предлог – оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2025 година.
  20. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2025 година.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.