Се запалила куќа во Велес, пожарникарите го изгаснале огнот
Објавено: 17 септември, 2026, во 09:05 часот
Пожарот во куќа на улица„Вера Циривири“ бр. 169 во Велес избувнал вчера околу 11:50 часот. Веднаш бил пријавен во Територијалната противпожарна единица. По примената дојава пожарникарите – спасители веднаш излегле на посочената локација.
„Територијална Противпожарна Единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возила и со пет пожарникари-спасители. По пристигнувањето на лице место, пожарот од страна на нашите екипи е локализиран и целосно изгаснат, соопштија од Противпожарен дом Велес.
Убавка Јаневска


