Фатен криумчар на мигранти кај Демир Капија
Објавено: 2 декември, 2024, во 16:32 часот
На автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, вчера попладне, во16:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево.
-При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“. Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
За настанот бил запознаен јавен обвинител.
Стефани Манева


