ИН МЕМОРИАМ: Славче Миров 1975 – 2024
Ненадејно, во 49 година од животот, вчера вечер, во Велес почина Славче Миров, познат фотограф и снимател како и еден од сопствениците на фотографското студио „МС“.
Миров беше еден од познатите велешки мајстори на фотографијата и снимател на многу семејни радосни настани во животот како на велешани така и на многу граѓани во градовите во државата. Славче важеше и за еснаф човек.
Тој беше познат урбан лик, секогаш ведар, насмеан, со ведар дух и имаше шегобиен човечки карактер.
Фотографскиот и снимателски еснаф во Велес постојано раскажуваше за неговите достетки како и за вљубеноста во спортот, особено фудбалот, за што учествуваше во рекреативните натпревари и важеше за „борец на теренот“. Беше „огнен“ навивач на трибините во спортските објекти во Велес, во Скопје и низ Европа поточно каде играа неговите омилени спортски тимови или македонските репрезентации во повеќе спортски дисциплини.
Славче Миров беше семеен човек и татко на две полнолетни ќерки.
Посмртните останки на Славче Миров со прекар „Чавка“ ќе бидат изложени во среда, на 4 декември 2024 година, во црква „Свети Спас“, во 12:00 часот, додека погребувањето ќе се изврши во 12:30 часот.
„Славе, светол патот кон небесното царство“!
Дума.мк