Во Буџетот обезбедени 250 евра за електронски уреди за студенти и финансиска поддршка до 30.000 евра за млади
Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите, велат во соопштението од Владата.
„За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади. Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет, потенцираат од Влада.
Исто така се истакнува дека финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.
„Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава. Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања, додаваат во соопштението.
Дума.мк