Прво место за идејното решение на четири архитектки од Велес и на соработничка од Црна Гора-Македонското студио „архитектура нова“ победник е на Меѓународен конкурс (фото)
Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора, неколку дена пред крајот на 2024 година, објави резултати од Меѓународен конкурс за Идејно архитектонско решение на Атлетски стадион во Подгорица, објавен кон средината на октомври минатата годинава.
Со одлука на жирито, со кое претседаваше архитектот Бранислав Греговиќ, првата награда ја доби творештвото на тимот на авторки на македонското студио „архитектура нова“ составен од четири архитектки: Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Ива Поповска и црногорката Мина Гутовиќ, која беше соработник на проектот.
За Дума.мк од „архитектура нова“ ja потврдија информацијата за освоената прва награда и испратија осум рендери од победничкото Идејното архитектонско решение на Атлетски стадион во Подгорица. Исто така ова е само една од досега повеќето освоени меѓународни награди на ова архитектонско студио.
Убавка Јаневска
Рендерите ги објавуваме во Фото галерија: