Коки: „Сообраќаецот ја запраша дали со себе ја носи задолжителната зимска опрема, таа започна од гепекот да ги вади и покажува дебелиот џемпер, високите чевли и…бундата.“
Афористичарот Никола Бошковски Коки ви посакува пријатен зимски идиличен ден и секако вечер во која ќе ја славиме Василица – Стара Нова Година со 10 штотуку напишани афоризми:
„И во љубовта не се може без лицитации, некој секогаш дава повеќе.“
„За да не се нарушува континуитетот на работата на некои собраниски седници, би било мошне интересно кога за време на паузите, би се изведувале…циркуски точки.“
„Разузнувачите ги следат лидерите на опозицијата, мојата сопруга ја следи модата, а јас ја следам неа…по бутиците и ексклузивните продавници.“
„Многумина луѓе се приврзани за своите сопруги, но на некои од нив, одвреме-навреме, им поаѓа од раце да го отплеткаат јазолот.“
„Струјата честопати е во состојба во некои фирми да доведе до неочекуван курцшлус, но краток спој можат да предизвикаат и неизолирана секретарка и директор со висок напон.“
„Откако сообраќаецот ја запраша дали со себе ја носи задолжителната зимска опрема, таа започна од гепекот да ги вади и покажува: дебелиот џемпер, високите чевли и…бундата.“
„Успехот, во играчката кариера, многумина фудбалери го должат благодарение на нозете…на својата сопруга.“
Вашиот, Коки