Триесет и пет крвни единици даруваа вработени во винарска визба „Тиквеш“

Објавено на 1 март, 2025 во 12:51

Од Општинската организација на Црвен крст во Кавадарци соопштија дека спроведената доброволна крводарителска акција заедно со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија резултира со 35 крводарувања.

– Одговорните и вработените во компанијата,  ја покажаа својата хуманост и солидарност, трудејќи се колективот да ги удостои и крводарителите и лицата кои ја реализираа акцијата, соопштија од кавадаречката организација на Црвениот крст. 

Додадоа дека крводарителите од Кавадарци и Росоман секогаш се меѓу најхуманите во државата. 

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.