За предизвикан пожар на нива кај Градско тројца кавадарчани завршиле во Полициска станица
Објавено на 14 март, 2025 во 12:29

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети.
– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Дума.мк
