Се запали велешката дипонија за смет, ветрот го однесе чадот до првите населби од источната страна на градот

Дваесетина граѓани, кои живеат во населбите околу Спомен костурница, на самиот влез во Велес, денеска, после пладне, се пожалија дека не се диши од чадот што го чувствуваат во воздухот во градот. Дел од нив тврдеа дека не само чад туку ги спречува да излезат од дома и миризбата на изгорен гараж. Сите се сомневаа дека состојбата последица е можеби на запалената градска депонија за смет.
Од ЈКП Дервен потврдија дека депонијата е запалена. Според портпаролката Тодорка Пенкова на локацијата огнот веќе беше ставен под контрола и во неговото гаснење учествуваа вработени на комуналното претпријатие. Пенкова од граѓаните побара трпение.
Од утрово во Велес дува ветер со голема брзина. Според временската прогноза температурата изнесува 5 степени целзиусови додека ветрерот ќе продолжи да дува со поголем интензитет и во вечерните часови.
Убавка Јаневска
