Поетесата Василевска: Разделба со сопругот, тешка и неочекуво болна, ја преточив во три стихозбирки (Видео и фото)

Трагичната загуба на синот а потоа и на сопругот во тишината, којашто на поетесата и писателка Смилана Василевска ѝ станала прибежиште и извор на сила, таа ги создава последните свои три книги. Сите се посветени на нејзиниот сопруг Иван Василевски, врвен поет со највисоките поетски награди и во исто време новинар, долгогодишен дописник на на југословенски Танјуг од Македонија како и на Македонската информативна агенција МИА од Струмица се до пензионирањето.

Василевска ја промовираше во Велес трета стихозбирка, „Гласот на тишината“ во којашто преку стиховите смета дека најгласна е во искажување на најголемата болка која сеуште ја живее.
Василевска е авторка и на автобиографската книга „Песната на гугутката во 2016 година и „Заточена светлина“ во 2023 година.


Промоторки на стихозбирката „Гласот на тишината“ на Василевска во Велес, на промоцијата којашто се одржа во Локална библиотека „Гоце Делчев“, беа писателката Даница Лепојевиќ и професорката и поетеса Соња Карбева.
Настанот беше збогатен со настап на балерината Искра Ивановска од Балетското студио „Анабела“ додека стихови од нејзината стихозбирка читаа учениците Димитар Кузманов и Ивана Милошева.
За својот колега, на промоцијата, спомени сподели и дописничката на МИА од Велес новинарката Антоанела Димитриевска.

Првата промоција на стихозбирката „Гласот на тишината“, Смилана Василевска ја имаше нa 27 март, годинава, во Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, со што ја одбележа 10 годишнината од смртта на својот сопруг Иван Василевски.
Убавка Јаневска
