Издумани Крлевизми: „Се бие в гради оти го тапкаат по грбот“
Објавено: 2 мај, 2025, во 10:30 часот
Нови десет издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги сите и оваа работна недела завршете ја со насмевка и уживајте во претстојниот викенд.
-Се бие в гради оти го тапкаат по грбот.
-На сопругата ѝ ветив дека ќе ѝ ги зголемам ветувањата. Речено – сторено!
-Помнам само видени вицови.
-Пишувам за да ме читаат, а ги читам само тие што пишуваат од истата
причина.
-Тоа што коњот не рика, магарето го смета за негова слабост.
-Со години е во истата фотелја. Штеди!
-Кој прави по сто селфи на ден, нема шилци!
-Живеевме со вистината. Однесено од виорот!
-Тројанскиот коњ е марионета на туѓа територија.
-Не му се погоди шефот. Не сака полтрони.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк


