Велешкиот Црвен крст со летна програма: Обука по прва помош за младите волонтери

Објавено: 17 јули, 2025, во 12:54 часот

Во рамките на Летната програма 2025, Волонтерскиот клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес денес ја одржа втората работилница во клубските простории. Работилницата беше посветена на обука по прва помош, со цел младите волонтери да стекнат основни вештини за реагирање во итни ситуации.

Обуката ја спроведе демонстраторот Никола Мацис, кој преку практични вежби и симулации ги запозна волонтерите со правилно укажување помош при најчестите повреди и итни случаи. На работилницата присуствуваа 15 млади волонтери, а целокупниот настан беше организиран и координиран од лидерот на клубот.

-Летната програма е одлична можност за младите да се поврзат, да учат и да се развиваат како хумани и одговорни граѓани. Првата помош е еден од најважните сегменти во нашата едукација и горди сме што интересот кај младите постојано расте, изјавија од Црвен крст – Велес.

Работилниците ќе продолжат и во наредниот период, а од организацијата најавуваат и други активности насочени кон здравствена едукација, тимска работа и градење волонтерски дух кај младите.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.