Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

Објавено: 8 август, 2025, во 15:55 часот

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок и изнесува 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат).

Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите или просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79 години.

Кога станува збор за години здрав живот кај мажите во Европска Унија првото место го заземаат жителите на Малта со речиси 72 години, по што следат Италијанците со 68,5, Швеѓаните со нешто повеќе од 67 години, додека на дното на табелата се  мажите во Летонија со нешто повеќе од 51 година, па во Естонија со 56,5 и Словачка со речиси 57 години.

Според годините здрав живот, жените од Малта се на прво место со нешто повеќе од 71 година, во Бугарија со 71 и во Италија со скоро 70, додека најмалку такви години имаат жените од Летонија, нешто повеќе од 54, Данска со повеќе од 55 и Финска со речиси 56 години.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.