Брачен пар крадци ограбиле дом на Неготинци, полицијата нашла дел од парите
Објавено: 8 август, 2025, во 16:18 часот
Триесет и шест годишната Ц.Н. и четиринаесет години постариот Д.Н., двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба вчера вечер, околу 22:10 часот биле лишени од слобода од страна на полициски службеници на Одделението за внатрешни работи во Неготино. Двајцата крадци одзеле пари од дом на брачен пар од Неготино.
-Со судска наредба бил извршен претрес во домот на крадците, каде биле пронајдени и одземени дел од парите за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата додека, денеска со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска


