„Гласот на младите“- дебата за свое место во процесите на одлучување и одбележување на 12 Август, Меѓународниот ден на млади

Објавено: 11 август, 2025, во 14:53 часот

Дебатата со наслов „Гласот на младите: Дебата за иднината“ денеска  се одржа во просториите на Јуроп Хаус на која млади Велешани, претставници на институции и граѓански организации отворија прашања за реалната моќ на младите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Настанот, кој се совпадна и со одбележувањето на тригодишнината од постоењето на Младинскиот центар, се одржа во присуство на претставници од Локалниот младински совет, службеник за млади, младински работник и претставник на EU House.

Колку општината е отворена и транспарентна за младите, дали постои соодветен буџет за младински иницијативи, какви предизвици ги засегаат младите во Велес и кои програми се најатрактивни, но и кои остануваат неискористени. Ова беа дел од прашањата коишто денеска ги отворија млади Велешани, учесници на настан со наслов „Гласот на младите: Дебата за иднината“ во Јуроп Хаус Велес.

Дебатата ја организираше Младински центар Велес по повод 12 Август, Меѓународниот ден на младите во соработка со Јуроп Хаус. Настанот, кој се совпадна и со одбележувањето на тригодишнината од постоењето на Младинскиот центар, се одржа во присуство на претставници од Локалниот младински совет, службеник за млади, младински работник и претставник на EU House.

Претставничката на „EU House“ на младите Велешани им ги приближи европските програми и можности за вклучување, додека Локалниот младински совет сподели колку нивните ставови навистина се слушаат од институциите и што би промениле во процесите.

Посебно внимание привлекоа одговорите на младите учесници од публиката, кои отворено зборуваа за тоа што најмногу им недостига во градот. Тие ги потенцираа потребите од повеќе простори за дружење и учење до посилна поддршка за младинските иницијативи.

Настанот продолжи со креативната активност „Мојот младински центар од соништата“ на коишто присутните млади, поделени во групи, добија задача да опишат идеален Mладински центар соред нивните потреби, како би изгледал, кои простории и активности би ги имал, кој би го управувал и како би се финансирал. Предлозите од страна на групираните млади луѓе беа јавно презентирани и за нив беше констатирано дека носат свежи и иновативни идеи кои, според организаторите, можат да бидат основа за идни проекти.

Настанот беше организиран по повод Меѓународниот ден на младите, 12 август, од Младински центар Велес во соработка со Јуроп Хаус Велес.

Организаторите потенцираа дека ваквите настани не се само симболично одбележување на меѓународниот ден  туку и реална можност за младите да го артикулираат својот глас, да креираат идеи и да влијаат врз идните политики во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.