Водостопанство „Тиквеш“: Навремена и ефикасна наводнителна сезона со значителни придобивки за земјоделците

Објавено: 14 август, 2025, во 10:25 часот

Водостопанство „Тиквеш“ ја завршува овогодинешната сезона за наводнување со позитивни резултати и високо ниво на задоволство кај водокорисниците, информираше Александар Стојанов од раководството на подружницата на АД Водостопанство во Кавадарци.

– Благодарение на навремената подготовка, редовното одржување на каналската мрежа и рационалната распределба на водните ресурси, успеавме да обезбедиме стабилно и квалитетно водоснабдување за сите категории земјоделски површини, изјави Стојанов.

Првичните информации од терен укажуваат на значително зголемување на приносите, како и на поквалитетни земјоделски култури во тиквешкиот регион. Ова, според Водостопанство „Тиквеш“, директно придонесува за економски раст на локално ниво и за подобрување на животниот стандард на земјоделците.

– Наш приоритет останува обезбедување сигурна и ефикасна водна поддршка за секој земјоделец. Задоволството на водокорисниците е најголема потврда дека сме на вистинскиот пат, додаде Стојанов.

Со успешната реализација на сезоната, Водостопанство „Тиквеш“ уште еднаш ја потврдува својата водечка улога и посветеност во управувањето со водните ресурси во интерес на земјоделскиот сектор.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.