Тепачка во Велес, бил употребен и дрвен предмет
Објавено: 15 август, 2025, во 12:25 часот
Полициски службеници од СВР Велес, вчера, во 21:15 часот ги лишеле од слобода триесет и две годишниот Ѓ.Ш и дваесет и пет годишниот Е.У од Велес.
Како што пишува во дневниот билтен најпрво во угостителски објект во градот, Ѓ.Ш му се заканувал на Ш.А (43) каде бил со Р.З (39) а потоа пред објектот настанала и меѓусебна физичка пресметка која продолжила и на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.
-Таму Е.У. употребил дрвен предмет и се заканувал со остар предмет. Ѓ.Ш. и Е.У. се
задржани во полициска станица, а предметите пронајдени и одземени, соопштија од СВР Велес.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк




