Во Општина Чашка, утре, втора дезинсекција со авиотретман против комарци
Објавено: 20 август, 2025, во 16:42 часот
Во раните утрински часови од 05:00 до 07:00 часот на територијата на Општина Чашка ќе се реализира втора дезинсекција на населените места и јавните површини со авиотретман за заштита од комарци. Во третирањето ќе се користи широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретманот ќе бидат опфатени населените места: населба Чашка,низводно по река Тополка, Мелница и низводно по река Мелничка, Лисиче, Голозинци, Еловец со оризови насади и низводно по река Тополка, Раковец со општинска депонија, Отиштино и Бањица, Богомила и низводно по река Бабуна, Согле и низводно по река Бабуна, Теово и низводно по река Бабуна, населба Оморани и низводно по река Бабуна, Мартолци и низводно по течение на река Бабуна, Извор и низводно по река Изворчица, Владиловци, Смиловци и низводно со река Изворчица, Стари Град, Врановски Анови и низводно по реки Бабуна и Изворчица како и Војница и низводно по течение на реки Војничка и Бабуна.
Општина Чашка ги известува пчеларите пред 05:00 часот, во времето на прскањето како и 3 до 4 часа потоа, да ги затворат кошниците со пчели, поради влијанието на средството врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на променети временски услови ( врнежи , ветер) авионското третирање ќе биде одложено за нареден ден во истиот временски период.
ПР текст


