Прво нов топол бран во Македонија а потоа, викендот ни носи врнежи и пад на температурите!

Објавено: 26 август, 2025, во 08:48 часот

Денес, вторник, 26 август, од запад над Македонија ќе помине облачна воздушна маса која може да донесе сосема слаб локален дожд. Веќе од утре среда, 27 август до петок. 29 август државата ќе биде под влијание на топол бран од Африка кој ќе услови температурите да бидат значително повисоки, речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие локално ќе надминат  и 35 степени.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така температурата ќе надмине 35 степени.

Веќе за време на викендот сабота  и недела 30 и 31 август ќе има развој на нестабилност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Температурите за време на викендот температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.