Повторно возач управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
Објавено: 2 септември, 2025, во 16:48 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, ноќеска, триесет и пет минути по полноќ, го лишиле од слобода Д.С.(29) од Кавадарци на улица „Христо Ботев“’ во Неготино.
-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.67 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


