Возел под дејство на алкохол и излетал со возилото од пат
Објавено: 8 септември, 2025, во 11:29 часот
На регионалниот пат Кавадарци – село Возарци, вчера попладне, во 16:30 часот, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода В.А.(65) од село кавадаречко Дреново.
-Возачот, околу 15:20 часот, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


