Конзервација на Теодосијанска палата во Археолошки локалитет „Стоби“

Објавено: 23 септември, 2026, во 15:21 часот

Продолжува конзервацијата на архитектонските остатоци од Теодосијанската палата, еден од најрепрезентативните доцноантички резиденцијални комплекси во античкиот град „Стоби“.

Конзервацијата опфаќа пет ѕида, како дел од долгорочните активности за стабилизација, заштита и зачувување на споменикот. Конзерваторските работи ги изведуваат стручни лица од Обединето Кралство, од Бугарија и тимот на Национална установа „Стоби“. Финансиските средства се обезбедени преку странски проекти.

„Оваа меѓународна соработка ги обединува археолошкото истражување, архитектонската документација и непосредната конзервација со заедничка цел – долгорочно зачувување на Теодосијанската палата за идните генерации,“ соопштија од Национална установа „Стоби“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.