Формирана Регионалната занаетчиска комора на Кавадарци
Објавено: 23 септември, 2026, во 14:06 часот
Се организираа локалните занаетчии, мајстори и претприемачи, собраа 350 потписи и ја формираа Регионалната занаетчиска комора на Кавадарци.
Комората има за цел унапредување на условите за работа, олеснување на административните процедури, поттикнување на развојот и зачувување на традиционалните и современите занаетчиски дејности.

Меѓу приоритетите, членовите на оваа Комора, ги посочија потребата од доедукација, пристап до грантови и подобро позиционирање на пазарот.
Регионалната занаетчиска комора ја доби поддршката на Општина Кавадарци.
Убавка Јаневска


