Коки: „Велат времето лета, моето очигледно земало авион..без мене.“
Објавено: 22 септември, 2025, во 09:35 часот
Понеделникот започнува со доза хумор и мудрост — прочитајте ги афоризмите на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки.
-На изборите народот одлучува кој ќе го лаже следните четири години.
-Некои актуелни градоначалници, кои воопшто немаат почит и чувство кон сопствените сограѓани, и на овие нови лоални избори, одново-бесранмо бараат…нов мандат.
-Вистински херои несомнено се луѓето, коишто успеваат денес да преживеат…без задолжувања и кредити.
-Велат времето лета, моето очигледно земало авион..без мене.
-Наместо да не опкружуваат зеленила, паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, сеојдневно никнува само плевел и трње…ЧОВЕЧКО ТРЊЕ.
-Несомнено се чувствувате прекрасно кога во љубовта ви цутат розите, но мошне жално е кога ќе се уверите дека џунџулето, штотуку започнало да ви венее.
-Се сомневам дека Адам очекувал да дојде есен, за да се увери дали на Ева ќе и падне листот.
-Некои млади спортистки се родени како ДЕВИЦИ, но на повидок е времето кога ќе бидат присилени да си го сменат …ХОРОСКОПОТ.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк
