ЗГ„Акцијаш ветерани“ расчисти простор којшто е дел од брег на езеро „Младост“ во сопственост на угостителски објект (фото)
Објавено: 25 септември, 2025, во 16:37 часот
Во четири часовна, доброволна, акција на брег на езеро „Младост“ акцијашите на ЗГ „Акцијаш ветерани“ денеска расчистија од габаритен отпад и самоизникнати дрвја на површина од 800 м2 којашто е во сопственост на мотелот. Тринаесет ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“, исто така, ја искосија и тревата. Ветераните на ова акцијашко здружение му помогнаа на угостителскиот објект во уредувањето на просторот којшто е дел од езерскиот брег со цел да изгледа уредено.


-Изгледот на брегот на езерото Младост е еден од нашите врвни приоритети. На повик од мотелот одговоривме со еднодневна работна акција, во времетраење од четири часа, бидејќи во делот што го уредувавме имаше поголема количина на габаритен отпад. По собирањето на отпадот преминавме во расчистување на просторот од самоизникнати дрвја и на крајот ја искосивме сувата трева, рече Горан Петков, претседател на ЗГ „Акцијаш ветерани“.



Петков додаде дека уредениот простор како за мотелот значаен е и за посетителите на езеро „Младост“ кој пешачејќи по патот стигнуваат до шумата, за одмор го користат просторот со поставена урбана опрема за починка или продолжуваат за да ја користат пешачката патека кон Отовичка плажа и источниот брег на езерото.
Убавка Јаневска


