Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
Објавено: 6 ноември, 2025, во 10:30 часот
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Свети Николе, вчера, во 12:05 часот ги лишиле од слобода Д.Т.(30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско.
„При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја, “ соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска


