Двете јавни здравствени установи во Велес имаат потреба од нови медицински возила и чекаат на испорака и на одлука на министерството
Објавено: 12 ноември, 2026, во 10:56 часот
Дете јавни здравствени установи во Велес, Општа болница и Здравствен дом, поднеле барања до Министерство за здравство за добивање на нови возила за Итна помош. Првата за две а втората за три медицински возила.
Директорката на Здравствен дом, д-р Родна Јорданова е информирана дека оваа јавна здравствена установа ќе добие но нема точни инфомации кога ќе биде испораката на возилата. Директорот на велешка Општа болница, Александар Бузалков информира дека е планирана во втората државна испорака но додека не добие писмено известување неможе да информира за бројот на возила.
Нови возила за Итна помош, како што рекоа, им се потребни и на двете јавни здравствени установи за да го обноват застарениот возен парк и да го подигнат квалитетот на здравствени услуги на пациентите во делот на домашните посети на Итна помош и на транспортот на пациенти на клиниките најчесто во Скопје.
Убавка Јаневска


